Уште еден ден

Секој ден го посветувам на тебе со постојана мисла на вчера. Мене понекогаш ми се случува дното од чашата со  вино да биде полно со оцет. Секој ден е уште еден ден на моето лице. А ти ми даваш време но беспомошна сум без твојата љубов.

Болки на денот

Таа ноќ ми беше прибежиште од светот што се менува помеѓу античките монетите и грмушката со лажни рози Јас не се сетив дека ноќе тие честопати ги завршуваат своите напади. Прогонетите од сите воени загуби и болки на денот. Јас бев натоварена на автомобил со огледало што го одразува огнот. Многу места гореа мокри со роса оставајќи по нивниот пат руинирани фотографии. Сите оние кои загубиле дел од нивното тело и должината на животот ги кријат очите како тивка публика. Кој кого чека навечер да се врати и се надева…