НАПУШТЕН АНГЕЛ

[Ukupno: 0   Prosjek: 0/5]

НАПУШТЕН АНЃЕЛ

Горчина тешка,

ми гази по душата,

бес разулавен,

градите ги кине,

очите гледаат,

сфеста, одбива да поверува

толкава суровост,

немилосрдност болна

живот…

судбина истркалана

низ суводолица трнлива

се чини гледаш ангел

стуткан… се одмора

преморен да направи

ниту само еден покрет

не издржа срцето

се упатив таму.

Густи, млитави кадрици

го покриле лицето,

главата неведната

без желба да ја подигне,

нежно, со растреперена рака

ги подигнав прамените

што лицето го скриваа

занемев…

тоа беа најубавите очи

сјајни како ѕведздите на небото,

поглед празен, до болка,

усни румени,

како печат втиснат

на лицето немиено,

воздишка ми излета,

од очите река солзи потекоа,

кришум ги избришав

со марамчето влажно

и го измив лицето,

бело, анѓелско

само зачудено ме погледна,

негрижа, запуштеност очигледна.

Старо излитено палтенце,

го покриваше телото изгладнето

како гранка млада,

пресечена и оставена

времето да ја уништи,

а што е со срцето,

забрзано како часовник

чука во детските гради

надеж… нема,

среќа… не познава,

љубов, не почувствувала

не знае, заборавила,

мајчина топла прегратка,

милување од рака таткова,

не знае, не се сеќава…

отсекогаш сама била,

како тукушто испилено пиле,

напуштено од целото јато,

оставено само во гнездо

на исушено дрво.

Ме прегазија чувствата,

ме столчи болката,

мислите се разбегаа

што да направам,

како да помогнам,

има ли спас, нaдеж,

каков ли живот ќе има,

зарем тоа дете, анѓел,

ќе се крене,

ќе ги преживее ли,

бурите силни

што згрешило,

со што заслужило

ваков живот,

дали спас ќе има,

дали ќе се најде рака

да го прегрни,

да го помилува, стопли,

дом да му подари

немоќна, со болка и денес

се прашувам што се случи,

каде е малиот анѓел,

неизвесност, постојано ме боли.

Odgovori

Ova web-stranica koristi Akismet za zaštitu protiv spama. Saznajte kako se obrađuju podaci komentara.

Subscribe without commenting